14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Локвенец: Владата на СДСМ ја изведе земјата на вистински пат

После 11 години изолација, внатрешни поделби, кавги со соседите и конфронтирање со демократскиот свет, Македонија конечно тргна напред, изјави денес на прес-конференција, Хари Локвенец, пратеник од СДСМ во Собранието на РМ.

Како што рече тој, за само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство преку посветена и одговорна работа успеала да ја врати државата на вистинскиот пат.

„Вчерашниот ден најдобро го отсликува контрастот помеѓу Македониија која до пред само една година беше заробена и изолирана држава и Македонија денес, почитувана држава, пријател на регионот и Европа. Позитивните оценки од претседателот на Европскиот парламент, Доналд Туск, уште еднаш ги потврдија успешните чекори на Владата предводена од СДСМ во спроведувањето на зацртаните реформи. Неусловената препорака за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, ја придвижи Македонија кон патот на интеграцијата и после долги години повторно се отворени европските перспективи за нашата земја“, рече Локвенец во своето обраќање.

Додаде дека успехот на меѓународен план, рефлектира и со позитивни движења во економијата, раст на платите, повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард.

„Стабилноста на општеството резултира со зголемување на инвестициите, на индустриското производство, се отвораат нови фондови, нови развојни линии, се отвораат нови работни места. По потпишувањето на Договорот за добрососедство со Република Бугарија економската размена со Република Бугарија бележи раст што позитивно влијае врз севкупната економска клима. Сето ова има позитивен импакт врз отворањето на нови работни места, повисоки плати и економски раст, но истовремено е и дополнителeн поттик за нас како владеачка партија“, истакна пратиникот на СДСМ.

Локвенец на крајот посочи дека СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат посветено, одговорно и отчетно во спроведувањето на зацртаните реформи кои, како што рече, обезбедуваат интеграција, добрососедски односи, економски раст и квалитетен живот за сите граѓани.