10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претрес во куќата на Е.А. – има приведени

На 27.04.2018 година од 11,40 до 13,20 часот, врз основа на предходно добиена наредба од судија за предходна постапка од Основниот суд во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово, во с.Порој и во Тетово на улицата “Иво Лола Рибар“ бил извршен претрес во дом и помошни простории сопственост на Е.А.(49).

При извршениот претрес во домот на Е.А. во Тетово биле затекнати албанските државјани Г.М.(33), А.С.(33) и Д.С.(32).

Истите, поради нерегулиран престој во Р.Македонија биле приведени и задржани во полициска станица.

Спонзорирано: