20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Туск на средби со Колинда Китаровиќ, Илир Мета и Бојко Борисов

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред самиот почеток на Процесот Брдо-Бриони одржа билатерални средби со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, претседателот на Албанија, Илир Мета и претседателот на Бугарија, Бојко Борисов.

Исто така, претседателката на Хрватска одржа билатерална средба со претседателот на Словенија, Борут Пахор.

На билатералните средби се разговараше за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смила во контекст на новата стратегија на Европската Унија за Западен Балкан.

Претседателите на земјите од регионот по истите точки ќе разговараат и на пленарниот состанок кој ќе се одржи во рамките на Процесот Брдо-Бриони.

Спонзорирано: