17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СФЕРА Македонија со донација за посебните паралелки во ОУ„Ѓорѓи Сугарев“ – Битола

СФЕРА Македонија како дел од проектот „Граѓаните се обединети“, од програмата Европско граѓанство добиен од ЕУ, направи донација од 9 нови врати, за паралелките со посебни потреби во ОУ Ѓорѓи Сугарев од Битола. Донацијата комплетно ги заменети старите дотраени врати со нови медијапански.

„Тој проект има една цел за соединување и здружување на сите млади деца од маргинализираните групи, деца со посебни потреби и деца од мигранти кои што ги имаме низ сите држави од ЕУ и плус државите Македонија и Турција кои што се надвор од ЕУ. Денес во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ донираме девет врати за паралелките со посебни потреби, каде што ќе можат да ги користат во секојдневна употреба. Ова е прв дел од проектот, а потоа следува едукација и интеграција во мултиетничките заедници кои што ги имаме во нашиот град“, рече Милчо Дули, претседател на Здужение СФЕРА Македонија.

Во учебната 2017/2018 година во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ наставата ја следат 611 ученици во редовните паралелки и 40 ученици во посебните паралелки. Наставата во посебните паралелки ја изведуваат 11 дефектолози и еден логопед.

„Со цел изведување на квалитетна настава потребно е да се овозможи здрава и безбедна средина каде што ќе престојуваат учениците и каде што ќе учат. Од тие причини ние покрај соработката со Министерството за образование, бирото за развој на науки и локаната самоуправа градиме соработка со граѓанските здруженија. Голема благодарност до СФЕРА која што ни ги донира овие врати“, рече Валентина Стојкоска, директор на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“. Со цел продлабочување на соработката и развој на училиштето директорката ги повика сите граѓански здруженија активно да се вклучат во работењето на училиштето, да достават и свои програми кои што тие како училиште ќе ги вклучат во годишната програма за настава.