22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не знае да работи и нема план за економијата

Граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти, а не еуфорични прес-конференции, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на пресот на премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска.

„Зоран Заев и картелот на власт ја влошија бизнис-климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите. Заев ветуваше проект младинска гаранција, со ветување дека ќе го реализира во првите 6 месеци од новата влада и ќе нуди вработување или дообразување на младите по завршување на нивното образование. Овој проект не го реализира“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека актуелниот премиер не ја говорел вистината ниту кога ветил 22 милиони евра активни мерки уште во првата година од мандатот.

„Наместо поволности, граѓаните добија покачени даноци, акциза на дизелот зголемена за 3,5 денари и најава за покачување на данокот на доход. Економијата наместо раст доживува стагнација“, сметаат во опозициската партија.

Велат дека и минатата година немало раст на БДП.

„Тоа е показател дека власта не знае да работи, нема план, нема визија за државата. Како што забележа и ЕК во извештајот оваа година, државата се соочува со голема стапка на сива економија. Тоа е проблем кој Заев и картелот кој го води не го решаваат, туку го потиснуваат. Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништи економијата и ја уназадува Република Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.