21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во Кисела Вода почна акција за косење на нараснатата трева

Во општина Кисела Вода денеска почна акција за косење и расчистување на нараснатите тревни површини. Сезонските работници кои рачно и со тримери ја косат тревата се ангажирани од страна на Секторот за месна самоуправа и социјална грижа.

Како што информираат од Општината, се расчистува просторот покрај трим-патеката и во други делови на населбата 11 Октомври, како и во Бирарија, Црниче, Пржино и Драчево.

Акцијата за косење на нараснатата трева интензивно ќе продолжи и во наредниот период. Ќе се изведува низ сите други урбани и месни заедници ширум општината, секаде каде што ќе има потреба, а Општина Кисела Вода има ингеренции да интервенира.

Со оглед на најавените високи температури, кои се типични за овој период од годината, а во насока на отстранување на опасноста од пожари, општината апелира до сите свои жители, сопственици на дворови, ниви и неизградено градежно земјиште во приватна сопственост, истите да ги уредат, односно да ги искосат и искастрат нараснатата трева и грмушки како превенција од можни пожари кои се опасност и за нив, но и за целата околина.

Спонзорирано: