8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Таксист од Битола сексуално вознемирувал малолетна патничка

Мајка на 15-годишно девојче пријавила дека нејзината ќерка била сексуално вознемирувана од страна на такси-возач.
Девојчето влегло во такси-возилото, по што му кажала на возачот да ја превезе до улицата каде што живеела. Откако тргнале со возилото, според изјавата на пријавителот, такси-возачот почнал разговор, по што во еден момент се завртил и со раката ја штипнал за образот. Пред да стигнат во нејзиниот дом истиот посегнал со раката на задното седиште и ја допирал за градите.
Таксистот бил повикан на разговор во полициската станица и против него по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Спонзорирано: