13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Работна група за „Чебрен“ и „Галиште“

По предлог на АД за производство на електрична енергија, „Електрани на Македонија“, во државна сопственост, Скопје, на денешната владина седница беше разгледана информацијата за текот и активностите за проектите ХЕ „Чебрен“ и ХЕ „Галиште“.

Владата на Република Македонија ги задолжи Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и Министерството за економија да формираат меѓуресорска комисија со претставници од повеќе министерства и државни претпријатија, која ќе подготви препораки за понатамошни активности за продолжување на проектот.

Спонзорирано: