12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Комисијата за економски прашања на состанок во Брисел за енергијата добиена од обновливи извори

Делегација на Собранието во состав Горан Милевски, Агим Шаќири и Хари Локвенецу чествува на состанок посветен на енергијата добиена од обновливи извори во организација на Енергетската заедница, кој се одржува на 24 април 2018 година (денеска) во седиштето на Европскиот парламент во Брисел.

Покрај претставниците од Собранието, на состаноците ќе учествуваат и претставници од парламентите на земјите членки на Енергетската заедница, пратеници од Европскиот парламент и претставници од други европски институции. На состанокот ќе се дискутира за моменталната состојба со употребата на обновливите извори на енергија во земјите членки на Енергетската заедница, како и начините за зајакнување на одржливата употреба на обновливата енергија во овие земји.

Спонзорирано: