16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) За време на лет испаднал еден од внатрешните прозорци во авион на познатата авио компанија

Бизарна несреќа се случила во авион на компанијата „Ер Индија“, пренесоа светските медиуми.

Според информациите, непосредно по полетувањето од Њу Делхи, авионот влегол во турбуленции, при што испаднал внатрешниот прозорец покрај седиштето 18-A.

Поради опасноста од декомпресија, пред седиштата на патниците испаднале неколку маски за кислород.

За среќа, надворешниот прозорец останал во своето лежиште, па благодарение на тоа била избегната голема несреќа.

Патниците што не биле врзани за седиштата во паника веднаш скокнале од своите места, а во тие моменти се повредиле тројца од нив.

Еден патник удрил со главата во плафонот над своето седиште, притоа добивајќи полесни повреди. Сепак, пилотот решил да го заврши летот без принудно слетување, а повредените добиле лекарска помош во авионот.

Спонзорирано: