17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Полицаец клекнал пред бездомник: Еден минувач го снимил она што следело!

Многумина од нас, за среќа, никогаш нема да знаат како е да се биде бездомник.

Помислата на лутање по улиците ноќе и дење, барање место за спиење, размислување за следниот оброк, многу е депресивна и застрашувачка. За жал, милиони луѓе живеат на тој начин.

Еден постар човек од Феникс, Аризона, живеел таков живот, и му било многу тешко. Надвор било студено, а човекот немал ниту пар чевли како би ги згреал нозете.

Бездомникот собирал отпад во близина на бензинска станица, кога некој повикал полиција.

Полицаецот Марк Валензуела одговорил на повикот, но наместо да го уапси бездомникот или да му каже да се тргне, тој го погледнал несреќниот човек и забележал дека нема чевли.

Валензуела ги шокирал минувачките кога од својот автомобил извадил кутија. Некој почнал да снима во моментот кога полицаецот клекнал покрај бездомикот.

Испаднало дека полицаецот имал нов пар чевли во кутијата и клекнал како би му помогнал на бездомникот да ги облече чевлите.

„Полицаецот му даде бесплатни чевли на бездомникот“, изјавило лицето кое ги снимало. „Ова само покажува колку нашите полицајци им помагаат на луеѓето, и колку ја штитат заедницата. Сакав ова да го објавам за сите да бидат свесни за тоа.“

Валензуела не се грижел за камерата ниту барал комплименти. Само му помогнал на постариот човек да ги облече чевлите.

Валензуела потоа го затворил багажникот, влегол во автомобилот и си заминал.

Погледнете и споделете со пријателите…
 https://www.youtube.com/watch?v=5_2J-5SYFy8

Спонзорирано: