21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Семејна драма во Битола

На 19.04.2018 година во 03,30 часот во Битола на улица „Љубојно“, во куќата на Ѓ.Р.(30), Б.С. (29) од Скопје, невенчан сопруг на Ѓ.Р., физички ја нападнал истата, по што и ги одзел мобилните телефони,  истурил запалива течност и го запалил прозорот и завесата. Ѓ.Р. со ќебе го изгаснала пожарот, по  што  Б.С. насилно го зел тригодишното дете и со неговото возило, заминал во непознат правец.

Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.