21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay
МАКЕДОНИЈА

Гореше возило среде Скопје

На 19.04.2018 година во 14,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Н.П.(24) пријавил дека неговото патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски таблици, кое го паркирал на паркингот на булеварот “Борис Трајковски“ се запалило.

Според пријавата, Н.П. видел дека пожарот избувнал од филтерот за воздух кој целосно изгорел и се проширил кон акумулаторот по што и тој целосно изгорел зафаќајќи ја електричната инсталација од возилото. Причинета била материјална штета од околу 60.000 до 80.000 денари.

Се работи на целосно расчистување на случајот.