12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да се продлабочат реформите и сите да работат посветено за во јуни да има позитивни вести во Македонија.

„Се вративте на патот и ова е местото на кое треба да бидете – назад на патот кон Европа, со јасна неусловена препорака за почеток на преговорите за влез во нашата Унија“, рече Могерини.

Според неа, чистата препорака е резултат на напорите на Владата и соработката на опозицијата во реформскиот процес. „Владата има одговорност да ѝ отвори простор на опозицијата за целосна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи во целата работа. Имате обврска да ги идентификувате нацоналните интереси и приоритети, да соработувате со институциите за да постигнете резултати“, им рече Могерини на пратениците.

Во јуни ќе се одржи самит на Европската Унија. И премиерот Зоран Заев очекува тогаш Македонија да добие датум за почеток на преговорите.