12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кувајт ќе инвестира во Босна

Претседателот на тројното претседателство на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, се сретна со принцезата на Кувајт, Навал ал Сабах, пишува „Сараево тајмс“.

Од претседателството соопштија дека принцезата е во неколкудневна посета на Босна и Херцеговина на чело на делегацијата инвеститори што престојуваат во земјата. Ал Сабах го информирала Изетбеговиќ за големиот интерес на кувајтските инвестициски фондови во секторите инфраструктура, телекомуникации и енергетика.

Ал Сабах е на чело на Кралската инвестициска компанија, претседател е на Одборот на директори на Арапско-египетскиот инвестициски фонд, претседател е на една од комисиите на Арапската лига и амбасадор на мирот на Обединетите нации.

Изетбеговиќ доби покана да го посети Кувајт во блиска иднина.