12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ѓуриќ: Од Могерини ќе бараме објаснување за ЗСО

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјави дека ќе бара објаснување од високата претставничка на надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, околу Заедницата на српските општини.

„Нормално дека ќе бараме објаснување од Могерини. Да сакаше меѓународната заедница, ЗСО денеска ќе постоеше. Ако по пет години не направите ништо, а потоа пофалите некој кој само замавнал со листовите, тоа е знак дека недостасува суштински притисок. Ние ги исполнивме сите обврски“, наведе Ѓуриќ.

Тој додаде дека Србите ги почитуваат Бриселскиот договор, но од Косово не може да се очекува ништо.

„Не очекувам ништо од Приштина, првиот рок за ЗСО го имаа во мај 2013-та година, сега е мај 2018-та. Да сакаа нешто да направат, ќе направеа. Тие се преправаат дека сакаат ЗСО. Оној кој сака исктена доверба, не ги малтретира и не ги гази легитимно избраните српски претставници. Сето ова личи на циркуз за меѓународната заедница, а тие ми изгледаат како несериозни и неискрени луѓе“, рече Ѓуриќ.