12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германско обвинителство дозволи да се игра претставата „Мојата борба“

Обвинителството во германскиот град Констанц, во име на уметничката слобода, одби да забрани изведба на сатиричната претстава „Мојата борба“ (Majn Kampf), во текот на која е предвидено делење на кукасти крстови и жолти ѕвезди. Театарот вети бесплатен влез за сите оние кои на ракавите ќе носат ленти со кукаст крст на премиерата на 20 април, датумот на раѓање на Хитлер.

На оние кои ќе купат карти, предложено им е да носат Давидова ѕвеза додека се во театарот, во знак на солидарност на жртвите на нацизмот. Нацистичките симболи се забранети во Германија, а од театарот навеле дека на овој начин сакааат да покажат колку е лесно луѓето да се корумпираат.

Претставата „Мојата борба“ е црна комедија на Унгарецот Георг Табори од 1987 година и се однесува на програмскиот памфлет кој го напишал Хитлер кога бил во затвор пред да ја презеде власта.

Германско-израелското друштво во Констанц и Друштвото за еврејско-христијанска соработка побарале бојкот на претставата.

Спонзорирано: