12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Многу уапсени во големата полициска потера што се случува во Италија

Во рамки на операцијата за потрага на најбараниот италијански мафијаш, Матое Денаро, уапсени се најмалку 22 лица осомничени членови на сицилијански мафии, пренесоа италијанските медиуми.

Рациите се спроведени во провинцијата Трапана во западниот дел на Сицилија, а во центарот на рацијата се најдоа членови на таканаречената мрежа пицини што се однесува на системот на шифрирани пораки напишани на хартија поради кои Денаро и натаму е во бегство.

Денаро (55) е во бегство од 1993 година и се смета за можен наследник на босот над босовите, Салваторе Тото Рине, кој минатата година почина во затвор издржувајќи 26 доживотни казни.