12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Група мажи фрлиле киселина на студентки во Пакистан, поради одбиена понуда за брак

Пакистанската полиција соопшти дека група мажи фрлиле киселина на три студентки во градот Гуџрат, по што едната се здобила со изгореници на лицето, а другите две на рацете. Според информациите, тројцата мажи се уапсени.

Како што изјавил полицискиот претставник, мажите биле на мотори , а студентките ги нападнале во близина на автобуска станица. Две биле сестри, а третата им била другарка.

Според наводите, нападот следел по семејна караница, откако една од девојките одбила понуда за брак. Меѓу напаѓачите бил и чичкото на двете сестри, кој дошол од Исламабад, за, како што се наведува, да се одмазди на едната од нив.

Во конзервативниот Пакистан, одбивањето на понуда за брак често доведува до семејни караници.