16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претрес во куќата на Б.Т. – Она што го пронашла полицијата ги изненадило

На 15.04.2018 година, по наредба од Основен Суд Скопје 1 -Скопје, полициски службеници од СВР Скопје извршиле претрес во домот на Б.Т. (24) на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје.

При претресот биле пронајдени и одземени една голема кеса во која имало две стаклени тегли, од кои во едната имало 14 поголеми пакувања со марихуана, додека во другата тегла имало вага и остатоци од марихуана.

Исто така, биле пронајдени уште три стаклени тегли со марихуана. Б.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Спонзорирано: