17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска ќе се сретне со Џејмс Матис во Вашингтон

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска од 26-ти април, до 2 мај ќе престојѕва во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе остари средба и со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис.

Средбата со Матис ќе биде остварени на 1-ви мај во Вашингтон, а како што најавуваат од Министерството за одбрана, на средбата ќе биде потврдено стратешкото партнерство помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

„Значењето на средбата е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел“, додаваат од Министерството.

Во рамките на посетата, министерката ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер а ќе има и средби во американскиот Стејт Департмент, Сенатот и Конгресот.

Министерката во Вермонт ќе се сретне и со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј. Армијата на Република Македонија има развиена и сеопфатна соработка со Националната гарда на Вермонт, како наш партнер во реформите и развојот на вооружените сили.

Спонзорирано: