20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Економскиот раст на Кина ги надмина очекувањата

Кинеската економија расте со годишно темпо од 6,8 отсто во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, според официјалните податоци што ги надминуваат прогнозите за тој период, објави Би-би-си.

Бројките за раст за периодот јануари-март, кои биле цел на Пекинг за годишен раст во 2018 година, се над предвидените 6,5 отсто.

Податоците покажуваат издржливост во втората по големина економија во светот, потпомогната од силната побарувачка на потрошувачите. Но, сепак останува загриженоста за зголемувањето на долговите.

Владата се бори да го одржи балансот со долговите, без да го наруши растот.

Кинескиот економист во Нордеа банк во Сингапур, Ејми Чуанг, ги опиша податоците за растот во првите три месеци како цврсти, но исто така соопшти дека има знаци дека позитивниот импулс слабее, најверојатно поради опаѓање на пазарот на станови.