20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Капетан на голем крузер изгубил контрола и удрил во пристаниште, демолирајќи сè пред себе

Неверојатна снимка го прикажува бродот „MSC Armonia“ како при голема брзина влегува во пристаниште на Карибите, предизвикувајќи голема штета на пристаништето и на долниот дел на големиот туристички брод.

Инцидентот се случил во 8 часот наутро, на 10 април во пристаништето Ротана, на еден островите на Хондурас на Карибите.

Веднаш откако удрил во пристаништето бродот останал заглавен во плитката вода.

Според локалните медиуми, MSC Armonia се приближувал со брзина од 35 км/ч, а на бродот имало околу 1800 патници.