8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Напад во Сирија може брзо ќе има, но може и ќе нема

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на „Твитер“ дека нападот во Сирија би можел да биде многу набрзо или  не толку брзо.
„Никогаш не кажав кога би можел да се случи напад во Сирија. Би можело да биде многу брзо или не толку брзо! Во секој случај, САД под мојата администрација завршија голема работа во ослободување на регионот од Исламска држава. Каде ни е нашето благодарам Америко? Напиша Трамп на „Твитер“.
Членовите на британската влада расправаат за тоа дали Велика Британија да им се придружи на САД и Франција во евентуален воен напад во Сирија, кој би можел западните сили и Русија да ги доведе до директна конфронтација.
„Дејли телеграф“ вчера објави дека британски подморници се позиционирани, така што Сирија е на дострел на нејзините ракети томахавк.