23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Руски новинари ранети во Сирија

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека тројца руски новинари се ранети во Сирија кога непознати напаѓачи отвориле оган кон нивниот автобус.

Сите добиле полесни повреди. Напаѓачите отвориле оган кон автобусот со кој новинарите се враќале од област во близина на Дамаск, каде што изминатите месеци се водеа жестоки борби.

Новинарите известувале за телевизијата „Ѕвезда“, за руското Министерство за одбрана, за државната руска телевизија и за НТВ, која е во сопственост на рускиот гигант „Газпром“.