8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон тврди дека има докази дека Сирија го извела хемискиот напад во Дума

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека има доказ дека минатиот викенд сириската влада го нападнала градот Дума со хемиско оружје, објави Би-би-си. Макрон рекол дека во догледно време ќе одлучи за напад на Сирија.
Претходно беше пренесено дека западните земји се подготвени за ракетни напади како одговор на наводниот хемиски напад. Русија, која е главниот воен сојузник на Сирија, се закани дека ќе го спречи секој обид кој ќе води кон ескалација на тензиите.
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој вчера се закани дека проектилите доаѓаат кон Сирија, денеска на „Твитер“ напиша дека никогаш не рекол кога ќе се случи тоа.
Британската премиерка Тереза Меј ќе одржи состанок на нејзиниот кабинет за одлуката на британскиот одговор. Анонимни извори за Би-би-си рекле дека Меј е подготвена да се придружи на воената акција без претходно да бара парламентарно одобрување.