12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија нема да учествува во нападите во Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека Германија нема да им се придружи на Америка, Франција и на Велика Британија во воената акција против Сирија. Меркел исто така нагласила дека по серијата инциденти, јасно е дека Сирија не уништила арсенал хемиско оружје.
Претходно, сирискиот претседател Башар ал-Асад порача дека заканите на Западот се засновани на лаги и дека тие земји сакаат да го поткопаат успехот на сириската војска во околината на Дума.
Сирискиот претседател предупредува дека западните закани ги загрозуваат меѓународниот мир и безбедноста и дека воена акција би придонела на дополнителна дестабилизација на регионот.
Ниту 24 часа по предупредувањата на Евроконтрола за можни ракетни активности над западен Медитеран, на небото над Сирија нема цивилен воздухопловен сообраќај.