17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Швајцарците ќе ни помогнат да се справиме со поплавите и ризиците од катастрофи

Швајцарски експерти за справување со ризици од поплави ќе и помогнат на Македонија да изгради стратегија и изнајде најсоодветни мерки за справување со поплавите и ризиците од катастрофи.
На работилницата, што се одржа во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“, кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Швајцарскиот Секретаријат за економски прашања (SECO), експертите ги презентираа најновите меѓународни случувања и современи пристапи за намалување на ризикот од катастрофи.
Целта на проектот е да се направи суштинска промена во начинот на справување со ризикот од поплавите во полошкиот регион, кој се смета за најранлив во однос на ова прашање. Само во 2015 и 2016 година во регионот се случија неколку поплави од кои една со катастрофални последици која однесе човечки животи и направи голема материјална штета.
Швајцарскиот експерт за управување со кризи и намалување на ризици од катастрофи, универзитетскиот професор Маркус Цимерман, ги сподели искуствата на Швјцарија и успешноста на моделите што се применуваат на национално и светско ниво. Според Цимерман, во текот на реализацијата на проектот кој ќе трае четири години, треба да се подобри подготвеноста и да се зајакнат капацитетите на институциите за заштита од поплави. Предвидено е градење на стратегиски важна инфраструктура, воспоставување на системи за навремено предупредување и алармирање, како и одржлив урбанистички и економски развој во општините од овој регион.
На работилницата беа презентирани и наодите од истражувањето и оценувањето на Планот за управување со ризикот од поплави во регионот. Овие податоци ќе им овозможат на експертите и проектните партнери да предложат конкретни мерки за намалување на ризикот од поплави.
Спонзорирано: