5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија очекува напад: Путин ја крена црноморската флота, борбената готовност на највисоко ниво

Воздушната одбрана на руската флота на Црно море издала предупредување за напад, пренесе шведскиот политичр Карл Билт на Твитер. Веста е пренесена и од други медиуми, но нема официјална потврда.

Некои медиуми пренесоа дека руското Министерство за одбрана издало наредба борбената готовност на руската црноморска флота да се подигне на највисоко ниво и дека е издадено предупредување за евентуален напад откако е забележано дека воени бродови на коалициските сили предводени од САД тргнале кон Сирија.

Според некои информации, до напад би можело да дојде во наредните 24 часа.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воен удар на Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје во градот Дума во Источна Гута и предупреди дека Русија, или било која друга земја која што ќе се утврди дека била виновна за тој напад „ќе ја плати цената“.