5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема трагедија за Велигден во Македонија: Слетал со параглајдер во близина на манастирот Свети Илија, му се слошило и починал

Четириесет и седум годишен параглајдерист, член на Клуб за екстремни спортови починал вчера во близина на манастирот „Свети Илија“ кај гевгелиското село Сермин.

Според информациите, откако успешно слетал со параглајдерот, му се слошило и по кратко време починал.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.