31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во стара куќа во Велешта пронајдени рачен фрлач и десет гранати

Струшката полиција во текот на вчерашниот ден, во стара куќа во селото Велешта пронашла 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“.

Како што информираат од МВР, оружјето било пронајдено во куќа во сопственост на 76-годишен жител на Велешта, лоцирана на местото викано „Кабовска маала“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.