18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трагедија кај Банско на Велики петок: Камион удри во автомобили, има мртви

Еден загинат и четворица повредени во страшна сообраќајка која на големиот ден Велики петок се случи во Бугарија, во близина на Банско.

Утрово на Велики петок на патот Симитли – Банско – Гоце Делчев, се случила сообраќајка кога камион се превртел и удрил возила и минибус, пренесе БГНЕС.

На терен има неколку тимови за итна помош и полиција која ја спроведува истрагата.