23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Јапонија ангажира маринци за првпат по Втората светска војна

Јапонија ja активираше првата единица маринци по Втората светска војна, која е обучена да се спротистави на инвазија врз јапонските острови долж Источното Кинеско Море за кои властите во Токио стравуваат дека се ранливи на можен напад од Кина.

На свеченоста во воената база во близина на Сасеба, на југозападниот остров Кјушју, околу 1.500 припадници на поморската десантна бригада се пострoија на ладното и веторовито време, јавуваат јапонските медиуми.

„Со оглед на се потешката одбранбена и безбедносна состојба во нашето опкружување, одбраната на островите е наша главна задача“, нагласи заменикот министер за одбрана, Томохиро Јамамото.

Формирањето на јапонската бригада на маринци е контроверзно, бидејќи како што предупредуваат аналитичарите, може да се користи како закана за соседните држави.

Спонзорирано: