5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва се огласија од ДУИ по тешкиот инцидент со мртви во близина на нивното седиште – еве што соопштија од партијата на Али Ахмети

Од ДУИ излегоа со соопштение преку кое се оградија од денешната вооружена престрелка која се случи во близина на нивното седиште во Мала Речица а во која неофицијално има еден загинат и двајца повредени. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Демократската Унија за Интеграција и денес, како и секој друг ден ги реализираше своите вообичајни активности.

Целосно ги демантираме како неточни информациите дека денес во Демократската Унија за интеграција имало било каков инцидент.

Ние како политичка партија немаме и не можеме да имаме одговорнност за евентуалните инциденти кои не се поврзани со Демократската Унија за Интеграција“, стои во соопштението на ДУИ.