3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хоџај: Невозможен е дијалог поради агресивната кампања на Белград

Заменик косовскиот премиер, Енвер Хоџај, говореше за дијалогот за нормализација на односте помеѓу Белград и Приштина.
Според Хоџај, агресивната кампања на Белград за повлекување на признавањето на независноста на Косово и изјавата на премиерката Ана Брнабиќ во врска со учеството на Приштина на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, го прават невозможен дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.
Тој порача дека Приштина пропорционално ќе одговори на таквите активности.
„Агресивната и систематска кампања за повлекување на признавањето на Косово и барањето на Србија против учесво на Косово на Самитот за Западен Балкан во Софија гоправат дијалогот невозможен“, наведе Харадинај.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во понеделникот порача дека е неприфатливо Косово да биде присутно на самитот за Западен Балкан во Софија, како и дека Белград зависно од потегот на Приштина околу основањето на Заедницата на српските општини ќе одлиучи за учеството на овој Самит.
Спонзорирано: