22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин и Ердоган ќе почнат со изградба на првиот турски нуклеарен реактор

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, го означија почетокот на изградбата на првиот турски нуклеарен реактор „Акјују“, за време на посетата на Путин во Анкара.

Претходно, Јуриј Ушаков – помошникот на рускиот претседател, истакна дека проектот за изградбата на реакторот добил статус на стратешка инвестиција што ќе овозможи да бидат заштедени околу 10 милијарди долари, со оглед на даночните олеснувања од страна на руската влада. Вкупната вредност на централата изнесува 20 милијарди долари.

Нуклеарниот реактор ќе биде сместен на брегот на Средоземното Море, а ќе го градат исклучиво руски компании. Договорот помеѓу Турција и Русија беше склучен во мај 2010 година.