8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

По тешка несреќа, слонови се нашле среде автопат, еден загинал (Видео)

На југот на Шпанија вчера се случила несекојдневна несреќа во која најдебелиот крај го извлекле слонови.

Имено, камион кој превезувал животни излетал од пат и одеднаш среде автопат се нашле пет слонови!

За жал, еден умрел на лице место, а два се повредени.

Повредените животни од местото на несреќата во нови возила морале да бидат префрлени со помош на кран.

Возачот на камионот не е повреден, а се претпоставува дека ги превезувал животните во циркус.

https://youtu.be/7rZ41-HPqw8

Спонзорирано: