12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Питбул нападна дете, луѓето кои му помагаа завршија во болница (Вознемирувачко видео)

Надзорна камера снимила напад на разбеснет питбул, после кој три лица завршиле во болница, јави Дејли Мејл.

Како што се гледа на снимката, кучето прво нападнало дете кое успеало да избега. Во помош притрчале минувачи удирајќи го и бркајќи го со стапови, но кучето ги нападнало и нив.

Како што јавуваат локалните медиуми, три лица завршиле во болница, а повредени се уште неколкумина.

Иако во Индија голем проблем создаваат мајмуните и кучињата скитници, овој пат се работи за куче кое има сопственик.

Предупредување: Видеото е со вознемирувачка содржина

Спонзорирано: