20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија: Сè повеќе турски дипломати бараат политички азил

Повеќе од илјада турски дипломати, државни службеници и членови на нивните семејства побарале политички азил во Германија, по обидот за пуч во Турција во 2016 година, соопшти Сојузната канцеларија за миграции и бегалци (БАМФ).

„До 7 март оваа година 288 сопственици на турски дипломатски пасоши и 771 сопственик на пасош за државни службеници во Германија поднеле барање за политички азил“, соопшти БАМФ. Во оваа статистика не се опфатени припадниците на вооружените сили.

И бројот на турски државјани со обични пасоши кои бараат азил во Германија е во пораст. Само во првите два месеца од годинава азил побарале 400 турски државјани. Лани тој број изнесувал 8.500, а во 2016 – 5.700.

Истовремено, нагло расте и процентот на прифатени барања за азил.