17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите го напуштија Вашингтон, а Американците Санкт Петербург

Откако руските дипломати и нивните семејства ја напуштија амбасадата во Вашингтон, со звуци на рускиот марш, преку Атлантикот, нивните американски колеги денеска го спуштија знамето на САД од јарболот пред конзулатот во Санкт Петербург, по што исто така си заминаа дома.

Руските дипломати претходно си заминаа од амбасадата во Лондон, исто така со звуците на рускиот марш. Според информациите од светските агенции, сите 60 руски дипломати протерани од САД, тргнале кон аеродром од каде со специјален авион ќе полетаат за Русија.

Протерувањето на дипломатите следи по случајот со труењето на поранешниот руски шпион во Британија, за што голем дел од европските држави, како и САД, Канада, Австралија и некои балкански земјиа како Македонија, ја поддржаа Британија во ставот дека Русија е виновна за употребата на хемискиот агенс со кој беа отруени екс рускиот агент и неговата ќерка.

Спонзорирано: