Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гувернерот на Кемерово поднесе оставка

Долгогодишниот гувернер на рускиот регион, каде што во пожар во трговскиот центар во Кемерово загинаа над 60 луѓе, денеска поднесе оставка, објавија руските медиуми.

Аман Тулеев изјавил дека повлекувањето од функцијата е вистинска, свесна и единствена одлука по катастрофата.

Поголем дел од жртвите во пожарот се деца.
Илјадници луѓе протестираа поради последиците од трагедијата поради наводните безбедносни слабости во трговскиот центар. Инспекторите велат дека алармот за пожар бил прекинат и излегувањето било блокирано, како и дека чуварите, кои требало да помогнат во евентуалната евакуација во итни случаи, биле меѓу првите кои избегале кога избувнал пожарот.

Многу деца го загубија својот живот, биидејќи во моментот на пожарот, се наоѓале во забавниот дел на трговскиот центар кој се наоѓал највисоко во зградата, вклучувајќи го и киното за чии врати се вели дека биле заклучени.

Иследниците истражуваат дали пожарот можел да избувне поради електричен краток спој или се работи за подметнување пожар во детската област.

Претседателот Владимир Путин, кој го посети Кемерово, го осуди трагичниот настан и рече дека криминалната негрижа е виновна за загубата на невини животи.

Тулеев, чија внука, наводно, е меѓу оние кои загинаа во пожарот, беше гувернер на регионот за рударство од 1997 година.

Спонзорирано: