16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пукање на Партизанска среде ноќ – Ова се првичните детали за она што се случуваше во Скопје

Тешка кражба го потресе синоќа Скопје.

Според првичните неофицијални информации се слушнало и пукање при грабежот кога две лица со фантомки на главите и калашникови ограбиле познато казино на Партизанска.

Откако ги зеле парите, ограбувачите влегле во возило кое ги чекало и избегале во непознат правец.

Тешката кражба се случила во казино на Партизанска, во близина на крстосницата помеѓу трговскиот центар Лептокарија и поликлиниката „Букурешт“,околу 22.00 часот синоќа.

Неофицијално Полицијата го потврдила случајот, сепак се очекува официјална потврда во текот на денешниов ден.

 

Спонзорирано: