14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца вработени во Влада заразени со морбили, сите министри на тестирање

Двајца вработени во српската Влада се заразени од мали сипаници. Поради тоа е организирано тестирање на сите министри и службеници, јавија српските медиуми.

Со морбили се заразени еден припадник на обезбедувањето и една хигиеничарка, а доколку се покаже дека некој од вработените нема доволен број на антитела, ќе биде вакциниран.

Според последните информации на Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“ од октомври 2017 година во Србија се регистрирани 4.292 случаи на морбили.

Од копликации предизвикани од морбили починале 12 луѓе, а последна жртва бил маж од Тутин.