13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Скопје – еден ранет

На 29.03.2018 година во 13,00 часот во Полициската станица Драчево, У.И. (54) пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот додека го паркирал неговото товарно моторно возило на тротоарот пред куќата на неговиот сосед З.Ј. излегол соседот и му рекол да го тргне возилото бидејќи ќе му ги исечел гумите.

У.И., според пријавата, се упатил во неговиот двор, а по кратко време З.Ј. излегол од домот и се упатил кон товарното моторно возило, при што У.И. го видел и сакал да го спречи, а по него тргнал и неговиот син А.И.

Кога У.И. се доближил до З.Ј., истиот од задниот дел на половината извадил нож со кој замавнал кон него и успеал со ножот да го исече во пределот на левата страна од градите.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Спонзорирано: