14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

„Раша тудеј“ исклучена од кабловската мрежа во Вашингтон

Компанијата што ја емитува програмата на руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“ во Вашингтон од следниот месец ќе ја исклучи телевизијата. Оваа телевизија и натаму ќе биде достапна преку сателит, пренесе Си-ен-ен.

Одлуката влијае и на другите меѓународни мрежи, како што се Франс 24, кинескиот ЦГТН и германскиот „Дојче веле“, наведува Си-ен-ен. Како резултат на одлуката, кабелските оператори во Вашингтон, како што се „Комкаст“ и „Кокс комјуникејшнс“, ќе престанат да ги пренесуваат.

Кремељ ја нарече одлуката за прекин на емитувањето на програмата на руската телевизија во Вашингтон неоснована и дискриминирана, пренесе ТАС.

„Адвокатот детално ја разгледува ситуацијата, но засега и натаму изгледа како неоснована одлука бидејќи дури ни статус на странски агент не може сам по себе да биде причина да се исклучи некој медиум“, рекол портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

РТ за таа одлука го обвинува американското Министерство за правда.

Спонзорирано: