22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Купил евтина стара комода, а во неа пронашол скриена фиока – кога ја отворил имал што да види (Видео)

Купил евтина стара комода, а во неа пронашол скриена фиока – кога ја отворил имал што да види (Видео)

Емил Кондел пред неколку години купил една стара комода на распродажба во градчето Белвил во Тексас. Она што веднаш го забележал бил преубавиот мраморен дел на врвот, како и убавите фиоки.

Кога продавачот му рекол дека се работи за комода стара 125 години, Емил знаел дека мора да ја има. Цената била само 100 долари, а Емил ни малку не се предомислувал, па веднаш ја однел дома.

Не можел ни да замисли дека покрај трите вообичаени фиоки, комодата содржи и една скриена во која се наоѓало неверојатно богатство.

На самото дно на комодата пронашол тајна фиока која била исполнета со накит, дијаманти, пари, како и сувенири од Граѓанската војна.

Спонзорирано: