19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Студен бран во Македонија – се очекува пад на температурите, еве од кога

Времето утре ќе биде променливо – не очекуваат сонце, ветер и локални врнежи и грмежи во вечерните часови.

Утре преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло со засилен, особено во западните делови и до силен јужен ветер над 80 км/ч.

Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од 14 до 24 степени.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни локално над 20 л/м2. На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/ч), а дневната температура ќе опадне за околу пет степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Спонзорирано: