12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев е вицепремиер за економски прашања, а не директор на Театар Комедија

ВМРО-ДПМНЕ го потсетува Кочо Анѓушев дека е вицепремиер за економски прашања, а не директор на Театар Комедија.

„Tоа што Кочо Анѓушев се обидува со вицови да ја засмее јавноста не им помага на граѓаните да живеат подобро. Во Македонија се живее се полошо, стандардот тоне, а државата го допре дното на ранг листите за корупција. Прво ветуваа дека во земјата ќе има економски раст од 5 проценти за сега да изјавуваат дека тоа е практично невозможно. ВМРО-ДПМНЕ го советува Анѓушев прво да се договори со самиот себе па потоа да дава изјави во јавноста што е остварливо а што не е“, стои во соопштението на опозицијата.

Тие го советуваат вицепремиерот, наместо со смешни изјави, да се зафати со работа.

„На македонското стопанство му се случува економско цунами предводено од тројката Заев, Тевдовски и Анѓушев со кој граѓаните осиромашуваат се повеќе. Потребни се промени кои ќе донесат подобар животен стандард и поголеми плати. Ако не знаат како треба тоа да го постигнат, а јавноста гледа дека не знаат како тоа да го направат тогаш најпаметно ќе биде да си заминат и на нивно место да дојдат поспособни луѓе кои знаат како да ги исполнат сите овие работи“, смета опозицијата.

Спонзорирано: