9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ да ги тргне розовите очила и да се соочи со реалноста, порачува опозицијата

СДСМ ја зароби државата, а со тоа и економијата. Економијата стагнира. Toa го покажуваат економските параметри, но највеќе го чувствуваат граѓаните кои живеат се потешко. Економијата минатата година, кога секаде во регионот и низ Европа имаше раст, во Македонија стагнираше. Реален раст на платите нема. Има промена на статистичката методологија. Доколку навистина се качуваа платите, барем некој освен функционерите на власта, ќе живееше подобро, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Според опозициската партија, време е СДСМ да ги тргне розовите очила и да се соочи со реалноста. „Граѓаните немаат повисоки плати, пензии и социјална помош. Граѓаните се изневерени. Економијата е погодена од цунамито Заев-Тевдовски-Анѓушев, последиците од тоа ги чувствуваат граѓаните. 20% пад на градежништвото е доволен показател дека оваа влада ништо не работи. Негативниот тренд во економијата продолжува. Неспособната власт за првите три месеци од оваа година има реализирано само 4% од предвидените капитални инвестиции. Ова го доведува во прашање нивото на реализација на капиталните инвестиции на годишно ниво“, се вели во реакцијата.

Притоа се додава дека СДСМ нема направено ништо позитивно за македонската економија. „СДСМ единствено нешто што направи во овие 10 месеци е зголемување на нето долгот на државата, кој само за последните три месеци е зголемен за 566 милиони евра. Милиони евра задолжени, а ништо конкретно. Нема проекти, нема раст, нема развој. Оваа ненародна власт ја уништува економијата. Колку побргу си замине оваа ненародна власт толку подобро за државата и граѓаните“, велат од опозицијата.

Спонзорирано: