23.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Шестгодишник од Канада со едно прашање го спасил бракот на родителите – еве што ја прашал мајка си

„Мамо, морам ли да се венчам?“. Ова прашање го поставил шестгодишниот син на блогерката Џоана Вендити без да знае што тоа ќе предизвика.

Имено, тие зборови ја поттикнале младата мајка од Канада на размислување.

Во својот блог напишала дека прашањето на нејзиниот син прво предизвикало страв кај неа и се прашувала што е лошо во нејзиниот брак.

„Не, не мораш да се венчаш. Можеш да правиш што сакаш, ние само сакаме да бидеш среќен“, му одговорила Џоана на својот син, на што тој со олеснување рекол:

„Ок, добро! Не сакам цело време со некого да се карам“.

Во тој момент Џоана сфатила колку пасивно-агресивното однесување на неа и нејзиниот сопруг влијае на нивниот син.

Разговарала со сопругот за проблемот и двајцата се согласиле дека мора нешто да променат – инаку бракот ќе им пропадне.

Одлучиле повторно да се заљубат еден во друг. Излегувале на состаноци, земале време за себе.

„Никогаш не ја изгубивме љубовта еден кон друг, но сепак сега имаме сосема нова врска. Ги закрпивме пукнатините и ја изградивме на тоа“.

И нивниот син го променил мислењето: сега одлучил дека сепак еден ден ќе се венча, напишала Џоана.

„Нашиот дом веќе не е полн со караници. Сега разговараме, се смееме и сме позитивни“.